За да спречи масовни ора за Бајрам: Анти-играорната единица на МВР излезе на терен

Министерството за внатрешни работи соопшти дека припадници на специјалната противтанцова единица на МВР се распоредени на сите критични места во земјава и внимателно ја следат ситуацијата со ората за време на големиот празник – Бајрам.

Таа беше формирана после инцидентот во Гевгелија, кога група граѓани излегоа на улица да се расположат и да свртат едно оро за време на полицискиот час, но веќе следниот ден беа идентификувани и казнети, благодарение на брзата реакција на службениците од АИЕ.

Вака изгледа беџот на новоформираната, анти-играорна единица (АЕИ) во МВР

По ова, бројот на уличните ора драстично се намали, се’ до овој викенд, кога специјалците за борба со ора и модерни танци, повторно беа повикани на своите работни места за да воведат ред и мир помеѓу играорците во земјава.