ЗАПОЧНА НОВИОТ САЕМ ЗА МЕБЕЛ ВО ЗАЈАС: Во реката Зајаска изложени првите експонати

Иако голем број граѓани стравуваа дека после рушењето на Скопскиот Саем ќе нема каде да се одржува саемот за мебел, сепак благодарение на неколкумина ентузијасти најдена е нова локација.

Имено, се работи за коритото на реката Зајаска, која тече низ општина Зајас, каде денес можеа да се видат и првите примероци од непознат бренд, ненаметливо изложени во природна атмосфера.

Најпознатиот жител на општина Зајас, г-нот Ахмети е импресиониран од креативноста на своите сограѓани

Новина оваа година е тоа што саемот е мобилен, па освен жителите на Зајас, ќе можат да го видат и нивните комшии од Кичево, како и од неколку други општини низ кои поминува реката Зајаска.