ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА КОЦКАЊЕТО ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ ВО АЛБАНИЈА: Македонија ќе гради прифатни центри за бегалците од оваа хуманитарна катастрофа

Владата на РМ, денес на итна седница одлучи да почне со изградба на два прифатни центри на македонско-албанската граница, во кои ќе бидат сместени бегалците од хуманитарната катастрофа што се случува во Албанија, откако на сила стапи новиот закон за забрана на коцкањето, со кој се затворија над 4 600 обложувалници.

Според портпаролот на Владата одлуката е донесена врз основа на стотиците барања за азил испратени до нашето МВР од страна на најпогодените од овој закон: газдите на обложувалниците, како и поради колоната обични коцкари од пограничните градови на Албанија, кои веќе се движат кон нашата граница.

Вака ќе изгледа новиот прифатен центар што ќе се гради близу граничниот премин Ќафасан

Планираните прифатни центри ќе бидат со пет ѕвездички и ќе содржат најмалку две казина и пет обложувалници, а станарите во нив ќе можат да се ресоцијализираат и детално да се запознаат со условите за отворање обложувалници во Македонија.