ЗАЕВ НА СКИЈАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СОБРАНИЕТО НЕ РАБОТИ: Лошите одлуки на власта опаднати за 100%

Како што забележува Заводот за статистика на Република Македонија во последните три дена власта во Македонија нема донесено ниедна лоша одлука што е рекорд кој не е соборен од 1996-та година. Ова се должи на тоа што премиерот Заев е на скијање во Германија, а собранието не работи.

„Според нашите анализи ако премиерот Заев остане на скијање уште три години, а во тоа време и собранието не свика седница економскиот раст може да надмине 5% и да се приближиме значајно кон ЕУ“ велат од Заводот за статистика.

Кој работи тој и греши

И граѓаните се задоволни од оваа состојба и се надеваат дека ќе потрае.