ЗАЕВ НА ОДМОР ВО ГАРМИШПАРТЕНКИРХЕН: Срушил три олимписки и еден светски рекорд

фото - sitel.com.mk

Премиерот Заев заслужено својот зимски распуст го врви на падините на Гармишпартенкирхен од каде што потекнува неговата баба или што би рекле тој е на распуст кај баба му на село. Но тоа и не е толку важно. Како што јавуваат медиуми кои воопшто не се блиски до СДСМ и Владата тој на скијање срушил и три олимписки и еден светски рекорд.

„Според извештаите премиерот Заев го срушил рекордот во скок во далечина од скокалница, спуст и велеслалом како и рекордот за штафета четири пати по 100 метра иако бил сам“ велат спортските новинари.

На сликата: Зоран Заев

Со оглeд на тоа дека премиерот сеуште не е вратен може да се очекува да паднат уште неколку рекорди.