ЗАГАДУВАЊЕТО ВЕЧЕРВА ПОД ДОЗВОЛЕНОТО: Oпштините преземаат мерки да го нормализираат

Воздухот во повеќето општини е под дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен па затоа општините преземаат итни мерки за тоа да се врати на минимум 250 микрограми на метар кубен што е стандард за ова време од годината.

„Во сила стапи итниот акционен план со што во општините на повеќе места ќе бидат палени гуми, пластика и прегорено масло, а од Општина Битола ветија дека ќе ги пуштат сите блокови да работат на максимум“ стои во изјавата на Центарот за справување со кризи.

Ако ова потрае уште неколку дена Владата планира да додаде уште два блока на РЕК Битола

Се бара помош и од граѓаните за успеат овие итни мерки, па ако имате стари гуми, чизми, иверица палете ги на отворено.