ЕСТРАДАТА ДОАЃА ВО ПОМОШ: Ѕвездите со поддршка на кампањата „Дома си е дома“

По двата кикса на почетокот, кампањата „Дома си е дома“ добива ветар во грб од неколку големи ѕвезди на македонската музичко небо.

Од Силви Бенд, преку Јован Јованов и Магија, до Слаткаристика и Октет Македонија – пораки на солидарност стигнуваат од сите страни, со цел граѓаните да останат да летуваат во земјава и да го поддржат македонскиот туризам.

членовите на „Октет Македонија“ повторно заедно за да дадат поддршка на кампањата
Јован Јованов се врати од Америка и реши да го помине летото во земјава за да даде пример како треба
Членовите на бендот „Силви“ ја поддржаа иницијативата од Охрид, каде и ја добија оваа убава бронзена боја

Од министерството за економија, како најодговорни за лошиот старт на кампањата, се заблагодарија на довербата и порачаа дека ќе сторат се’ што е во нивна моќ граѓаните да останат доволно сиромашни за да мораат да летуваат тука.