ЕСКАЛИРА ПРОТЕСТОТ НА ГАЈБИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ: 7 повредени гајби и 4-ца полицајци

Се чини дека не ескалираат само протестите во Париз туку и оние на гајбите пред собрание. Според последните извештаи на МВР дошло до физичка пресметка помеѓу гајбите кога се обиделе да го пробијат кордонот.

„При тоа лекарска помош побарале седум гајби и четворица полицајци, а девет гајби се приведени и по уште три се трага. Ова се случило кога гајбите без претходна најава се обиделе да го пробијат кордонот на полицијата“ вели Оливер Спасовски

Тој и на гајбите и на полицајците им посака побрзо закрепнување

По оваа пресметка кон собранието се упатиле дополнителни полициски сили по што состојбата е засега мирна.