ЕКСКЛУЗИВНО: Роверот на Елон Маск пронајде сапун во македонско школо

    Како што јавуваат извори од компанијата на Елон Маск, ЕлМасИСопругата ДООЕЛ Виница, нивниот ровер после подолга потрага пронашол сапун во македонско школо.

    „Иако уште податоците не се процесирани се работи за пронајден сапун од неидентификувана марка во школо во Берово“ вели Маск.

     

    Фото – vistinomer.mk 

    Кризниот штаб ќе заседава по повод сапунот во Берово вели Филипче

    Министерството за здравство ја потврдува оваа информација и додаваат дека за повеќе информации ќе следи прес. И тие не го откриваат името на школото за да не биде полно со новинарски екипи.