ЕКСКЛУЗИВНО: И кучето на пратеничката Мира вработено во ЕЛЕМ

ЕЛЕМ е на пат да се приватизира откако пратинчката Мира Стојчевска после синот и братот во ЕЛЕМ го вработи и своето куче, Џеки.

„Се е според законот, Џеки ги исполнуваше условите за раководител на смена и затоа е вработен. Во минативе 10 години волчјаците беа дискриминирани од доберманите и сега мора и нив да ги вработиме“ изјави Дамјан Манчевски.

Џеки на првиот работен ден

Со среќа нека му е работното место на Џеки, па ако има Мира и мачка и за неа да си дочекаме.