ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО НА ФН: Како го преживува јануари еден просечен Македонец?

    Утре завршува првиот месец, месецот кој Џорџе Балашевиќ не го сака, според многумина и најдолгиот месец во годината – јануари. Јануари реално е просечно долг месец, но ако сте македонец ви изгледа најдолг. Ова потекнува од „фактот“ што ако живеете во Македонија, најверојатно сте и сиромашни. Како и да е, ние снимивме краток „документарец“ за тоа како да се преживее јануари. Овој филм, во продукција на Фчерашни Новости би ги освоил сите награди на Санденс, како и Оскар (во две-три категории), ако го направевме во 1920тите години. За жал ние го направивме ова црно бело ремек дело во 2020, па наместо целиот свет истиот ќе можете да го видите само вие, нашите верни гледачи. Да не го тупиме многу, погледнете ги Јануарските авантури, на нашиот Просечен македонец тука: