ДУИ ЗАБРАНУВА ИМЕТО ДА ИМ СЕ СПОМНУВА ВО НЕГАТИВЕН КОНТЕКСТ: А во кој друг, прашуваат граѓаните?

фото - makfax.com.mk

Бујар Османи најави тужби за сите кои го споменуваат името на ДУИ во негативен контекст што отвори големи проблеми за граѓаните, а посебно за новинарите кои ако не се споменува во ваков контекст не ќе можат да го спомнат воопшто.

„Ова значи целосна забрана за споменувањето на името на ДУИ. Доколку би ги споменувале за рефромите, изградените патишта, проекти и слично нема да можеме да ги споменеме“ велат новинарите.

Не спомнувај го името на ДУИ напразно

ДУИ се категорични во својата одлука да владеат без да бидат спомнувани.