ДРАМА: Патници го пропуштиле авионот додека Мицковски ги убедувал да останат тука

Околу 20ина патници на летот Скопје-Франфурт останаа заглавени на скопскиот аеродром затоа што, поради гужвата што ја создал г-нот Христијан Мицковски, не успеале на време да ги чекираат картите.

Како што дознаваме од очевидци на настанот, се работи за група млади Гермаци, пред кои Мицковски одржал двочасовен говор, а тие не го прекинале затоа што мислеле дека се работи за предавање организирано од нивниот авиопревозник и очекувале превод на германски, но останале извисени.

Покрај аеродромите и границите, лидерот на опозицијата најави герила акција и на железничката станица

Откако завршил, г-нот Мицковски заминал на граничниот премин Богородица, каде исто така ќе се обиде да убеди што повеќе млади да извадат партиска книшка и да си ја бараат среќата тука.