Домаќинка од Велес бара карантинот да трае додека ги потроши залихите со брашно

Разменка С. (58), или како што ја знаат на нејзината улица – тетка Разменка, испратила барање до Владата да го одложи олабавувањето на мерките и да го зголеми полицискиот час на 24 часа дневно до крајот на март 2022, кога и му истекува рокот на брашното што го складирала за кризата.

– Купив 200 кила брашно, ми останаа уште 189, а секој ден месам леб, правам пити, крофни…стомакот ми знае. И сега да останам со 95% од брашното дома?! Нема да може! – ни рече тетка Разменка во телефонскиот разговор.

Во случај на укинување на вонредната состојба тетка Разменка ќе ја тужи државата во Стразбур

Таа додаде дека веќе ѝ се придружиле неколку истомисленици од комшиите, кои ја поддржуваат во нејзината мисија и доколку Владата не ѝ го прифати барањето, тие се спремни заедно да си ги бараат правата пред Судот за човекови права во Стразбур.