ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „13ТИ НОЕМВРИ“: И премиерот Заев меѓу наградените

Град Скопје на прослава по повод 74 години од ослободувањето на градот, традиционално ги додели наградите „13 ноември“ на најуспешните граѓани во повеќе области.

Премиерот не можеше лично да ја прими наградата поради презафатеност, но се заблагодари преку СМС

Така, и покрај тоа што постојаното живеалиште му е во Струмица, премиерот Зоран Заев беше меѓу наградените и тоа за особени достигнувања и голем придонес кон развојот на логиката и логичкото расудување.

 

Причината за ова признание е неговата изјава, дадена додека екс-премерот го бараа курири, а МВР претресуваше гепеци: „Ако Груевски е надвор од државата, ќе констатираме дека е во бегство.“

Логично, нели?!