ДОДЕКА ПАРТИИТЕ ПРЕГОВАРААТ ЗА НЕГОВАТА СУДБИНА

    СЈО на оглас продава застарена опрема која не е во употреба Специјалното јавно обвинителство огласи за продажба два компјутери, четири звучници и три пара специјални слушалки – опрема што се користеше за преслушување на бомбите пред да помине нивниот рок на траење. Од извори блиски до Трите дознаваме дека откако тие беа забранети, опремата не ја користел никој, освен Фатиме Фетаи, која во неколку наврати пуштала албуми на Аца Лукас за да ја крене атмосферата, по што мнозинството одлучило таа да биде ставена на продажба. Нашиот извор додава дека како што се назира договорот помеѓу партиите, во обвинителството спремаат уште два нови огласи – за продажба на канцелариски мебел и „кучата“ односно просторот во кој е сместена оваа специјална институција.