ДОБРА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Со покачувањето на платата Анѓушев ќе донира 8000 денари повеќе

Како што се прошири информацијата дека вицепремиерите ќе добијат поголема плата така се шири и радоста кај граѓаните. Денес беше објавено дека вицепремиерот Анѓушев ја донира платата, а истата му е покачена.

„Ова е одлично за цела држава. Со неговото зголемување на платата тој ќе донира повеќе и ќе има повеќе за граѓаните“ велат задоволните.

Тажното лице на Анѓушев кога имаше помала плата за донирање

Не се знае која Нобелова награда ќе ја добие владата за овој потег, но не се сомневаме дека ќе ја добие.