ДЕНЕС ВО НАТО: Свечена дезинфекција на нашето столче на заедничката маса

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес официјално ќе ѝ посака добредојде на земјава во алијансата и свечено ќе го нанесе првиот слој од средството за дезинфицирање на столчето резервирано за нас.

Церемонијата потоа ќе продолжи во свечената сала, каде претставниците на членките на алијансата, облечени во свечени заштитни скафандери, ќе ја примат нашата делегација и ќе ѝ подадат лакт за сработеното досега.

Истовремено, на три различни точки на планетава – во Брисел, Монс и Норфолк, т.е градовите во кои се наоѓа политичкото и воено седиште на НАТО, со 100% алкохол ќе бидат исчистени јарболите на кои ќе се развее македонското знаме.

Нека ни е со среќа!