ДВИЖЕЊЕТО МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА СЕ ПОЈАКО: Се приклучуваат и УЈП и извршителите

Од петок движењето против промена на уставното име „Македонија блокира“ почнува со блокади на раскрсниците во Скопје. Но ова не е доволно па така на движењето му се приклучија и УЈП и извршителите кои велат дека од понеделник ќе почнат да блокираат.

„Ние го поддржуваме ова движење и сме професионалци во блокирање. Ќе блокираме сметки на физички и правни лица за заостанат долг од 1945-та наваму по сите основи. Ветуваме, сѐ ќе биде блокирано“ велат од УЈП.

Список постои, велат извршителите

Извршителите сметаат дека со ова ќе му вратат на народот она што досега му го одзеле, се разбира не парите, туку како еден симболичен гест ќе му се оддолжат.