ГРУЕВСКИ: Преседан е некој да биде осуден со докази кои самиот ги собрал

Додека поранешниот премиер Груевски ја чека одлуката на Апелациониот суд за пресудата за случајот „Тенк“ со која е осуден на 2 години затвор, уште еднаш реагираше во јавноста за начинот на кој се води овој процес против него.

– Судиите избрани за време на мојот мандат се соочуваат со притисоци невидени уште од моето владеење. За прв пат во историјата на судот се случува некој да биде осуден врз основа на докази кои ги прибрал тој самиот. Освен тоа, се работи за докази кои се копии, иако оригиналните снимки се во моја сопственост, и во ниту еден момент од судењето не ми беа побарани. – рече Груевски.

Во негова одбрана застанаа и неколку експерти по право од кои најгласна беше професорката Каракамишева. Таа на Твитер ја дијагностицираше вистинската болка на македонското судство, пред се’ политичките влијанија кои тие ги трпат од повисоки инстанци и нагласи како не може да се очекува правда во општество каде тие се слуги на политичарите. Посебно кога не е твојата партија на власт.