ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКИ БРОД НА ПРОТЕСТ: Не го даваме името на градот

Фото - Макфакс

Откако Република Македонија се прекрсти во Република Северна Македонија со гласовите на 81 кум во собранието се јавуваат нови проблеми. Така на пример како ќе се вика Македонски Брод.

„Дали ќе останеме Македонски Брод? Северномакедонски Брод? Северномакедонска галија? Северномакедонски Глисер? Титаник? Како ќе се викаме?“ револтирано прашуваат граѓаните на Македонски Брод.

Тензично во Македонски Брод

Засега нема одговор на ова прашање од Владата, а ништо не е договорено ни во Преспа по ова горливо прашање кое може да ги разниша односите меѓу Македонија и Грција.