ГРАД СКОПЈЕ ВО БОРБА СО НЕПРАВИЛНО ПАРКИРАНИТЕ АВТОМОБИЛИ: Шилегов ја промовираше новата стратегија на градската власт

Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, вчера ја промовираа новата стратегија за борба против неправилното и несовесно паркирање, направена врз основа на опсежни научни студии, а која се состои во тоа што градоначалникот своерачно ќе ги отстранува прекршителите.

Шилегов истакна дека е среќен што ќе може да го искористи слободното време додека е на работа за да направи нешто продуктивно за градот и најави присуство пред и околу Т.Ц. Буњаковец за утре.

Ова е новиот електричен тротинет на градоначалникот со кој ќе се воведе ред во паркирањето

Од кабинетот на градоначалникот додаваат дека во тек е постапката за набавување на специјален електричен тротинет со ротациони светла, со кој градоначалникот ќе може многу поефикасно да ја врши својата работата.