ГЕРМАНИЈА НИ ПОДАРИ РЕСПИРАТОРИ: Град Скопје ќе му ги донира ланските новогодишни украси на Берлин

Мило за драго!

Украси во вредност од над 700 илјади евра ќе добие главниот град на Германија – Берлин на подарок од град Скопје, во знак на благодарност за донацијата во респираторни машини за македонските клиники, вредна над 230 илјади евра.

Од инсајдерски информации дознаваме дека се работи за новогодишните украси со кои беше разубавен нашиот главен град за дочекот на 2018та, 2019та и 2020та година, заедно со елките кои го красеа скопскиот плоштад.

– Многумина се бунеа кога го објавивме тендерот за новогодишно украсување за 2021ва, дека попаметно сме можеле да ги потрошиме тие 200 илјади евра, сме можеле да инвестираме во ова, во она, итн. Замислете навистина да купевме респиратори и сега да немавме со што да одговориме на германската донација. Ем ќе се срамевме од нив, ем Скопје ќе останеше со старите украси. – велат од град Скопје.

Еуфорија во Берлин по веста дека градот ќе заблеска со ланските скопски украси

Признание за овој прекрасен гест меѓу двете земји пристигна и од ЕУ, која го нарече светол пример за тоа кои се приоритетите на земјите што се членки на унијата и земјите што се стремат да влезат во неа.