ВО СРБИЈА ОТКРИЕНИ ЛЕКОВИ ПОМЕШАНИ СО ЦЕМЕНТ: Oд Mинистерството за здравство смируваат

Фармацевстски скандал ја тресе соседна Србија. Во контрола на српското Министерство за здравство се откриени лекови кои се мешани со цемент. Според податоците досега се запленети над 200.000 фалсификувани лекови кои во себе содржат цемент.

Аптека во Србија

Се поставува прашањето дали Македонија е имуна на ова, со оглед дека имунитетот на државата може да е намален од фалсификуваните лекови кои се продаваат овде. Сепак од Министерството за здравство смируваат, прво со „бромозепами“, а потоа и со соопштение во кое велат дека вакви лекови досега не се забележани во Македонија.

Тие апелираат доколку граѓаните забележат лекови со цемент да не ги користат орално туку да ги користат за доградба на поткровја или градење на куќи, се разбира со дозвола на Министерството за транспорт и врски, но нагласуваат дека цементот од лековите треба да ги задоволува стандардите за градба пропишани од Министерството.