ОСУДЕНИОТ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА СЕЛА ВО БЕГСТВО: Заев ќе бара одговорност од комшиите кои дозволиле да им помине низ двор

Премиерот Зоран Заев на вонреден прес после веста дека МВР не може да го лоцира Никола Војминовски, осуден за обид на Зијадин Села, побара одговорност од комшиите кои дозволиле бегалецот да им помине низ двор без да го забележат.

– Секој треба да си е одговорен за својот двор и за својата работа. А одговорност мора да има! Разговарав со министерот Спасовски и тој ми понуди своја помош во приведувањето на овие несовесни граѓани. Откако ќе ги лоцираме и ќе собереме потребните информации, тие ќе бидат протерани. – рече премиерот Заев.

МВР истражува како Војминовски успеал да избега од својот дом и дали некој му помогнал

Според првите сознанија од истрагата, бегалецот поминал низ четири дворови за да излезе на главната улица, а нивните сопственици, според полицијата, му се добро познати на бегалецот Вијмановски.