ВОЗДУХОТ ВТОР ДЕН АЛАРМАНТНО ЧИСТ: Се размислува за прогласување вонредна состојба

И утрово водухот во Град Скопје и другите општини е алармантно под нормалното ниво на загаденост. Од Центарот за управување со кризи велат дека се размислува за прогласување на вонредна состојба ако за брзо не се зголеми нивото на загадување.

„Овој чист воздух влијае негативно врз животот и здравјето на граѓаните кои се навикнати да дишат загаден воздух. Органимот претрпува шок кој може негативно да влијае врз граѓаните“ стои во соопштението.

Во тек е и вонредна седница на владата на која се дискутира за чистиот воздух

Град Скопје веќе постави пунктови каде што граѓаните ќе можат да дишат конзервиран загаден воздух доколку се во потреба, а апелираат да не се излегува без потреба додека трае оваа елементарна непогода.