ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПОМАГА МЕДИУМИТЕ СО СУБВЕНЦИИ: Одвоени милион евра за изјавите на Љубен Арнаудов

Владата на РМ на вонредната седница одржана денес, донесе одлука со која се обезбедени еден милион евра за субвенции, со цел финансиски да се помогнат новинарите кои сакаат да земат изјава од пратеникот Љубен Арнаудов.

Нејзиниот портпаролот вели дека на ваков чекор се решиле откако на денешното рочиште за судењето за кое е амнестиран, пратеникот побара од новинарите да му платат 50 евра ако сакаат изјава.

– Знаеме дека состојбите во медиумите не се најсјајни, па решивме да скратиме од непродуктивните трошоци како што е социјалната помош и да помогнеме. Средствата се доволно за едвај 500 илјади изјави на пратеникот, па ако има потреба, ќе кратиме и од пензиите. – рече портаролот.

Влада на РМ: Спремни сме да ја платиме било која цена, затоа што граѓаните имаат право да ја знаат вистината

Новинарите ќе можат да се пријават за изјави до денот на гласањето за уставните измени, а по истекот на овој рок Владата ќе ги префрли средствата на личната сметка на пратеникот.