ВЛАДАТА ЈА ПРОДАВА ОГРАДАТА ЗА СТАРО ЖЕЛЕЗО: Парите ќе завршат во здравството

    фото - novatv.mk

    Владата конечно реши да го исполни ветувањето да ја тргне оградата околу нејзината зграда, а тоа ќе го направи за хумани цели.

    „Оградата ќе биде продадена за старо железо, а парите ќе одат за нови гуми и бандажи за возилата за брза помош кои ги купивме со продажбата на Мерцедесот на Груевски“ велат од владата.

    На сликата: албулантните возила кои ги купи владата со продажбата на Мерцедесот на Груевски

    Граѓаните се пресреќни од овие вести и едвај чекаат да ги видат овие нови гуми и бандажи.