ВЛАДАТА ЈА ПОПРАВИ НУЛАТА КАЈ ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТОТОРИ

    Анѓушев и Тевдовски го преполагаа испитот и извадија преодна оценка Еден ден откако германските инвеститори ја оценија владата со нула, се појавија двајца херои од кабинетот на Заев, кои го затегнаа каишот, ја загреаа столицата и се пријавија повторно да го полагаат испитот. Се работи за најспремните економисти меѓу министрите – господата Анѓушев и Тевдовски, за само неколку часа испитување успеаа да ги премислат строгите Германци и да добијат преодна оценка. Презадоволни од големиот успех тие се пофалија дека цела вечер учеле со разбирање, а не напамет и истакнаа дека да не бил присутен премиерот Заев, кому цело време му стигале пораки на мобилен, ќе добиеле уште повисока оценка.