ВЛАДАТА СО ПРИЗНАНИЕ ОД ГИНИС: Уште една потврда за реформскиот курс

    Владата на Република Македонија (името може да варира во зависност од вашите ставови) е како забрефтана машина за која нема успорување. Откако ги пречека Меркел, Столтенберг, премиерот на Австрија или Латвија сега добива и сертификат од Гинисовата книга на рекорди.

    „Чест ни е да ја имаме Македонија во оваа книга. Ова е гордост за целата земја, но и признание за надчовечките напори на премиерот Зоран Заев да ја внесе Македонија во оваа престижна книга. Неговите 3000 до 5000 пораки дневно или над 150.000 пораки месечно се апсолутен рекорд за кој не веруваме дека за брзо ќе биде надминат“ ни кажа во краток телевонски разговор Рон МекЛафин, уредник на Гинис.

    Поради брзото пишување на премиерот досега настрадале 8 телефони за кои ќе биде изграден меморијален центар

    Според владата ова е уште еден доказ дека реформите продолжуваат. Можеби не нѐ внесоа во Европска Унија и НАТО, но затоа не внесоа во Гинисовата книга на рекорди. Тие највуваат дека во наредниот месец кој има 31 еден ден премиерот ќе се обиде да го надимине својот рекорд и да ја престигне бројката од 200.000 пораки со што би се цементирала позицијата на Македонија како лидер во Гинис.

    Инаку премиерот ни врати на нашите пораки и сите читатели имате срдечни поздрави.