ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ: Бугарија ги зајакнува критериумите за бугарски пасош

    По барање на Европската Унија, а со цел во неа да не се инфилтрираат криминалци преку бугарските пасоши владата во Софија реши да ги зацврсти критериумите за добивање на бугарски пасош.

    „Ова е тежок удар за македонските граѓани и оние кои планираа да живеат достоинствено па затоа решивме да прогласиме тридневна жалост како би сочувстувале со нашите сограѓани кои на овој начин бараат спас од државата“ велат од владата.

    Виза за подобар живот

    Се очекува после оваа одлука на Бугарија да се зголеми депресијата кај голем број македонски граѓани.