ВЛАДАТА ДОБИ СОВЕТНИК ОД ГЕРМАНИЈА: Конечно вработен братучедот на Мира од Франкфурт

    Добра вест ни доаѓа од Франкфур, Германија и Илинденска, Скопје. Владата доби советник од Германија што и е братучед на пратеничката Мира Стојчевска кој во 70-тите години заминал да работи како келнер во Франкфурт, а сега има своја кафана и БМВ што го прави погоден за економски советник.

    „Овој човек се разбира од економија. Во 70-тите заминал со 400 марки, а сега држи кафана, втора жена за половина и има БМВ. Плус со неговото ангажирање 100% е искоренета невработеноста во семејството на Мира“ изјави Заев.

    Кога горе пишувавме дека заминал во 70-тите мислевме 1870-тите

    Се очекува владата да добие уште еден советник од Германија, но не се знае чиј роднина ќе е тој.