ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНУВА ПЕНЗИИТЕ: Mладите кои живеат од нив најразочарани

Фото - mrt.com.mk

Владата одлучи да ги замрзне пензиите на неопределно е тие да не растат во тоа време. Оваа одлична мерка ја донесоа денес, а покрај самите пензионери најпогодени се и младите во државата кои живеат од пензиите на своите баби и дедовци.

„Не знам како понатаму. Веќе не ми стига само пензијата на дедо ми морам малку да чепнам и од на баба ми ради поскапувањата и сега ова. Можеби ќе треба да земам да се вработам, недај Боже“ ни изјави Пеце, 34 годишник од Скопје.

Се очекува поради оваа мерка многу млади да ја напуштат државата

Од Владата велат дека сѐ ќе биде во ред само да влеземе во ЕУ и НАТО и дека пензионерите треба да се стрпат уште едно 30 години.