ВИНИЦА ОРГАНИЗИРА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ: На плоштад во Милано

И оваа година виничани ќе можат да се забавуваат со најпопуларните македонски поп и фолк изведувачи на забавата организирана од Општина Виница. Забавата ќе се одржи, нормално, на 31-ви декември 2019-та и нормално ќе биде онаму каде што има најмногу виничани – во Италија.

„Сакавме и оваа година на нашите сограѓани да им приредиме добра забава за Нова година па решивме да изнајмиме еден плоштад во Милано на кој ќе се соберат сите иселени од нашата општина и заедно пригодно ќе прослават“ – велат до Општина Виница.

Прослава по повод Денот на Општина Виница во Милано, 2016-та

На Новогодишната забава во Милано велзот во новата декада на виничани ќе им го честита и градоначалникот на општината кој вели дека на наредните локални избори планира да се кандидира за градоначалник на Милано.