ВАШЕТО МАЛКУ Е ТУЃО МНОГУ: Во тек е донаторска акција за животи на Кенди Краш за Петре Шилегов

Невладината организација „Секое ниво е значајно“ викендов организира донаторска акција за животи на Кенди Краш кои му се потребни на таткото на град Скопје, Петре Шилегов.

„Гледајќи го неговиот набиен распоред и тоа дека има повеќе дебати за загадениот воздух и сообраќајот во Скопје оваа недела ние решивме да ја организираме оваа акција со цел и граѓаните да помогнат, а не само да очекуваат од политичарите сами да ги врват нивоата на Кенди Креш“ велат од невладината.

Јас донирав, а ти?

Многу познати личности веќе се вклучија во оваа кампања и донираа животи, а се очеквуа да има и промотивен спот кој ќе се врти на локалните телевизии.