АРМ СЕ ОПРЕМУВА КАКО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО: Војниците добија чорапи за новите чизми

Иако првично беше најавено дека војниците ќе добијат чорапи во 2022ра, денес министерката за одбрана Радмила Шеќеринска пријатно ги изненади и им подели по еден пар за секој од нив, како би изегнале носење на новите чизми на боса нога.

Таа во неформалниот разговор им соопшти дека за наредната година министерството планира ребаланс со кој ќе скрати од буџетот за морски плодови, а со заштедените средства ќе набават шал и капа за секој старешина, а од 2030та натака и за секој војник.

Според Шеќеринска со ова подновување на опремата на војниците армијата е покриена за наредните 30 години, после што нови чорапи ќе треба да ги обезбеди НАТО.