АМДИ БАЈРАМ ЈА ПРЕКИНА КАМПАЊАТА: Останува дома со деветтоделенецот Елвис Бајрам

Целосен прекин на предизборните активности и комплетно замрзнување на изборната кампања најави довчерашниот пратеник во Собранието на Република Македонија, господинот Амди Бајрам. Со ова тој предизвика паника меѓу своите гласачи. Бајрам најави дека периодов што следи ќе спие од дома, а не како досега на работа.

Како што дознаваме, причина за ваквата одлука била наредбата на Владата за затворање на сите образовни установи и самоизолација на учениците во нивните домови, поради што неговиот син, деветодделенецот Елвис Бајрам, бил ослободен од училишните обврски.

Слика: Примерен родител кој секогаш му давал поддршка на најобразованиот член од семејството Бајрам

Од Сојузот на Ромите на Македонија, му посакаа добро здравје на својот претседател и на неговото 43 годишно синче, инаку поранешен градоначалник на општината Шуто Оризари. Елвис по крајот на мандатот се посвети на научната работа.