АМДИ БАЈРАМ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Акциите на Кока-Кола опаднаа за 38%, светските берзи во шок

На сликата: Амди Бајрам во 2012та ја поздравува тогашната опозиција, денес власт, чиј кандидат го поддржа на овие избори

Веста дека најсоодветниот кандидат, а воедно и најголем фаворит за иден претседател, господинот Амди Бајрам ја прекина кампањата, стигна до светските медиуми по што предизвика хаос на Wall Street и пад на вредноста на акциите на светските берзи.

Имено, само 10 минути откако беше соопштено повлекувањето, продажбата во Америка опаднала за 33%, а на светско ниво за над 40%, што е голем удар за компанијата, поголем дури и од оној на 27ми април 2017та, кога Амди Бајрам неколку часа не беше дел од власта.

Претставници на ММФ од утрово се во Шутка во обид да ја спасат светската економија

По ова прашање се огласија и од ММФ, изразувајќи загриженост дека одлуката негативно ќе се одрази на светската економија и предупредија дека не’ чека нова светска економска криза доколку не успеат да го премислат господинот Бајрам.