АЛБАНСКО МВР: Врз снимките од бегството на Груевски преснимивме свадба на еден полицаец

Како што дознаваат посериозни медиуми, снимките од граничниот премин каде што Груевски ја поминал границата помеѓу Македонија и Албанија се засекогаш изгубени.

„Во ова време на криза не можеме да чуваме такви материјали без да ги реупотребиме па така врз таа касета каде што се гледа како Груевски ја поминува границата снимивме свадба на еден припадник на МВР. И супер си поминавме на свадбата“ објасни портпаролот на албанското МВР.

Дел од снимката од бегството на Груевски

Сега останува да видиме што преснимиле на другите гранични премини.