АЕК ОБЈАВИ ТЕНДЕР СО КОЈ БАРА ДИЏЕЈ

    Светската денс сцена во хаос Само неколку часа откако медиумите пренесоа дека Агенцијата за електронски комуникации објави тендер за набавка на диџеј кој ќе пушта музика на меѓународна конференција во Охрид, најпознатите светски имиња ги откажаа настапите за да имаат слободен термин во периодот за кој е планирана конференцијата. Нивната одлука предизвика паника на светската денс сцена бидејќи огромен број од фестивалите кои се одржуваат во исто време со конференцијата се откажани, а фановите кои купиле карти ќе бидат обештетени така што ќе можат бесплатно да присуствуваат на меѓународната конференција. Од АЕК нагласија дека ќе бидат земени во предвид само целосните пријави, односно оние кои содржат мотивационо писмо и доказ дека диџеите се професионалци кои поседуваат лап топ и УСБ стик.