АДМИНИСТРАТИВЕЦ ГО ПРЕСПАЛ ВИКЕНДОТ НА РАБОТА: Бара покачување за прекувремена работа

Како што јавуваат наши извори од јавната администрација во една институција се случила несекојдневна случка. Имено Р. Д. (43) го поминал цел викенд на работното место правејќи го она што го прави најдобро, спиејќи. Колегите не го разбудиле во петокот па така тој цел викенд останал да спие на работа.

„Поради ова барам покачување на платата за 10%. Прекувременото спиење и самото чудо што издржав цел викенд е само дел од посветеноста и жртвата што ја правиме за доброто на граѓаните“ изјави Р. Д.

Вработениот доби поддршка и од заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули

Од надлежната институција не коментираат дали ќе го наградат или не, но му честитаат за упорноста и посветеноста кон работата.