АДВОКАТИТЕ БАРААТ ОД СУДОТ ДА ГИ ЗАБРАНИ БОМБИТЕ: Грубо се кршат авторските права на нашите клиенти

Адвокатите на обвинетите од СЈО денес од судот побараа да се забранат бомбите и да се престане со нивно преслушување затоа што и покрај сиот труд вложен од нивните клиенти да се испланира, изведе и сними ова издание, и покрај сите прегледи на социјалните мрежи, тие не добиле ниту денар.

– Испративме барање до судот да забрани емитување на бомбите затоа што со тоа грубо се кршат авторските права на моите клиенти. Тие со целосна посветеност работеле на ова издание, а немаат никаков бенефит од нивната популарност. – рече еден од нив во своето обраќање до судот.

Груевски на снимање на една од нумерите

Пред судот ова го потврдија и изведувачите кои тврдат дека само на ЈуТјуб секоја бомба посебно има над 100 илјади прегледи.

– И што имаме ние од тоа? Не знаеме дали парите од прегледите одат кај издавачот, но ние не сме добиле ниту денар од сите тие преслушувања, а вложивме огромен труд во нивното создавање. Затоа бараме од судот да ја забрани дистрибуцијата на интернет и нас да ни остане правото да си ги слушаме само за наша душа. – рекоа тие во заедничкото соопштение.

Ова издание беше снимано од 2008-ма до 2015-та од продукцијата СМ, за на крајот со помош на странски продуценти да биде издадено под капата т.е. чадорот на конкурентната продукција ЗЗ.