АВТОПАТОТ ШТИП-МИЛАДИНОВЦИ ЌЕ СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА: Распишан тендер за набавка на блех-оркестар и културно-уметничко друштво

Министерството за транспорт и врски денес распиша тендер со кој треба да избере блех-оркестар и културно-уметничко друштво кои ќе бидат дел од манифестацијата по повод свеченото пуштање во употреба на автопатот Штип-Миладиновци.

На јавниот оглас, објавен во Службен Весник, ќе можат да се пријават сите регистрирани културно уметнички друштва во земјава, додека оркестрите ќе мора да исполнат неколку услови и ќе се бираат врз основа на квалитетот на изведбата и бројот на чочеци што ги имаат во својот опус.

Откако не беше дел од програмата за свеченото отворање на автопатот Демир Капија – Смоквица, владата реши овојпат да не остави ништо на случајот

Рокот за пријавување е една недела и по истекот ќе биде распишан нов тендер за набавка на монтажен тунел во кој ќе се одржи културно уметничката програма, а кој ќе биде поставен специјално за оваа прилика.